EN | MK

 

Macedonian poetry corpus / Македонски поетски корпус

 

Овој корпус претставува поетски корпус создаден од песните поместени во Зборникот на Миладиновци. Корпусот содржи вкупно 678 песни односно вкупно 144 502 збора. Текстот од песните е првично анотиран, односно граматичките категории на зборовите се наведени, но потребно е нивно доуточнување.

Според предговорот фототипското издание од Димитар Митрев насловен како По трагите на подвигот на Миладиновци „Зборникот на Миладиновци — со своето крупно фолклористичко значење: првиот досега најобемен собир на македонското народнопесенско творештво — се јавува и како вонредно значаен израз на стремежите со кои се карактеризира македонската преродба во средината на минатиот век. Сето најизразито преродбенско во животот на Миладиновци го има својот и богат и непосреден одраз во усилбите нивни околу собирањето на песните и објавувањето на Зборникот, а повеќе од едното и од другото — во ефектот што го постига излегувањето на Зборникот. Ефект на себеопознавање на своите и на нивното опознавање од туѓите.“

Проектот Македонски поетски корпус е реализиран од д-р Николче Мицкоски за време на студискиот престој во LINHD - Laboratorio de Innovación en Humanidades Digitales при UNED. Голема благодарност до проф. д-р Салвадор Рос Муњоз и неговиот тим за поддршката во реализацијата на проектот. Исто така, голема благодарност до д-р Мартен Јансен за поставување на корпусот на софтверот TEI:TOK. Проектот и студискиот престој се во целост поддржани од проектот Computational Literary Studies Infrastructure (CLS INFRA).